Infinity logotype

Novosti

Infinity News Page
Infinity News Page scroll
Single News Image
Разновидноста на предизвиците ме стимулира да напредувам - Стефан Ристовски

Запознајте го нашиот сениор софтверски инженер и проект менаџер Стефан Ристовски, дипломиран инженер по информатички науки. Негова специјалност се финансиски апликации. И секако, гејминг. 

1. Кој е последниот проект што вистински те измори? :) 

Добро прашање, сите проекти во мојот оддел се комплексни, нема лесен проект. :) За среќа, сѐ е многу полесно кога има добра енергија во тимот и релаксирана работна атмосфера. Неодамна завршивме еден посериозен проект во чии рамки креиравме решение за надградба на електронски систем за наплата на сметки, како и iOS и Android апликации, проект којшто може да се имплементира и во јавниот и во приватниот сектор.

2. Кои беа најголемите предизвици во реализирањето на овој проект?

И покрај комплексноста на проектот, најголемиот предизвик беше краткото време за реализација, но го надминавме со прецизно дефиниран детален план на изработка до кој сите од тимот строго се држевме.

3. Како е подобрена електронската наплата со новото решение? Користевте ли некакви иновативни решенија?

Направивме интеграција на сите системи преку коишто може да се изврши наплата на сметки, така што сега корисниците на електронските сервиси на компанијата за кој беше наменет проектот можат во реално време да ги следат своите доспеани обврски. Дополнително, со воведувањето на новата функционалност на софтверски токен за автентикација го подобривме пристапот на корисниците, кој е сега многу поедноставен, но и побезбеден. 

4. Што те привлече да го работиш ова, што најмногу те исполнува во твојата работа?

Од една страна е разновидноста на проектите, што прави да е невозможно работата да ми стане здодевна. Од друга страна е потребниот микс на предзнаења и специфичности во областа на истите, што секој пат е различен предизвик, но и можност за зацврстување и надградување на моите способности. 

5. Што те опушта најмногу после напорен ден, недела, месец? 

Ако се работи за само еден вонредно напорен ден лесно ќе ме опушти тренинг, добар филм или гејминг. Доколку станува збор за неколку последователни напорни денови, потребни ми се активности во природа како возење велосипед или планинарење, пожелно во близина на вода (река, езеро). После подолг напорен период во којшто немам време за вакво брзо „ресетирање“, потребно ми е да се исклучам од сѐ и да одмарам минимум 2-3 дена. После тоа повторно сум подготвен за акција. :)

6. Во што би рекол дека си посебно добар освен во програмирање?

Врз база на досегашното искуство, одлично ми оди менаџирање и успешна реализација на меѓународни проекти. Верувам дека има уште нешто што не дошло на ред да го пробам, ќе разговараме повторно за година-две. :)  

Single news photo
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ХИБРИДНА МРЕЖА
Поддршката од колегите ми значи најмногу – Билјана Кокиновска
Сега сите можат да бидат хуманитарци – Мирјана Тепшиќ
Мора да се соочиме со предизвиците на глобалните промени - Драгица Устапетрова Атанасова
Квалитетот и знаењето на Калдера стануваат достапни на македонскиот пазар