Infinity logotype

Novosti

Infinity News Page
Infinity News Page scroll
Single News Image
Поддршката од колегите ми значи најмногу – Билјана Кокиновска

Запознајте ја Билјана Кокиновска, дипломиран правник и магистер по финансии и финансово право. По повеќе од 8 години комбинирано искуство во правото и јавните набавки, таа е менаџер за понуди во Инфинити Енерџи и ИТСС. Освен исклучителното трпение, аналитичност и упорност, Билјана во тимот е позната и по нејзината пасија за уметност.

1.Како ја избра оваа професија, кој дел од работата ти причинува најголемо задоволство?

Интерогативниот пристап со јавните набавки како научна област го имав уште за време на моите постдипломски студии на Правниот факултет во Скопје и истото тоа знаење подоцна почнав професионално да го надградувам во друга дејност. Ја избрав оваа професија од причина што сметав дека значително ќе придонесе за унапредување на моите способности за внимание кон деталите и подобрување на флексибилноста кон екстремно кратките рокови и секако, на динамиката на мојот личен развој. Најсреќна сум во моментот кога ќе успеам за екстремно краток рок да подготвам понуда за конкретна јавна набавка. 

2.Колку моќно се чувствуваш кога ќе успееш да исполниш неколку екстремно кратки рокови еден по друг? :)

Сметам дека успехот на компанијата во голем дел зависи од личната одговорност и придонесот на секој вработен во управувањето со ефикасноста како систем за отстранување на бариери и унапредување на мотивацијата. За мене е предизвик да успеам да исполнам неколку SMART цели во екстремно кратки рокови еден по друг, а во моментот кога тоа ќе го постигнам адреналинот е на максимум! :)

3.Дали колегите чувствуваат кога ти треба тишина и концентрација?

Нашите секојдневни обврски бараат исклучителна посветеност и внимание, но има посебни денови кога сме буквално „затрупани“ со сензитивни обврски, и секоја од нив со многу краток рок за исполнување. Токму во овие денови поддршката од колегите ми значи најмногу. Среќна сум што во Инфинити сум дел од една речиси идеална работна средина во која има кохерентна  интелектуална енергија, емпатија и толерантна соработка на тимот, меѓусебно почитување и размена на идеи и искуства. Токму затоа секој постигнат резултат е наш заеднички успех. 

4.Каде го наоѓаш твојот мир?

Јас сум човек која ја сака уметноста и сметам дека естетската димензија ја има насекаде околу нас. Сликарството ме опушта најмногу и затоа се трудам дел од слободното време да го поминувам во изработка на творби од маслено сликарство. Остатокот од слободното време сакам да го поминувам и во читање на некоја добра книга и дружба со пријателите и најблиските, но дефинитивно мојот мир го наоѓам во сликарството. Тоа ми помага истовремено да се опуштам, да не мислам на вообичаените работни обврски и да бидам продуктивна - што е навистина идеален „ментален оброк“ за мојата личност.
 
5.Дали си била во искушение да се обидеш да живееш од уметност?

Во почетокот на моите средношколски денови имав можност дел од моите сликарски творби (масло на платно и цртање на стакло) преку мои познаници да ги продадам на уличните пазари кои беа организирани во Италија, што за мене беше врвно достигнување ако се земе во предвид  дека Италија е еден од најпознатите центри на западната култура, особено сликарството. Неодамна осознав дека поседувам и вајарски способности истакнати преку декоративно слаткарство што ми отвори можност за ангажман и соработка со неколку слатки куќи во Скопје. Но сепак, и покрај големата љубов кон уметноста мојот дефинитивен избор на професија е она што во моментот  го работам.

6.Имаш ли идоли од светот на уметноста, што е тоа што те фасцинира кај нив?

Од модерното сликарство би ги издвоила Пикасо којшто е познат како основач на кубизмот и препознатлив по линијата и бојата како и Василиј Кандински и неговата фасцинантна апстрактна геометризација. Од периодот на Раната ренесанса во Италија особено би го издвоила Сандро Ботичели со неговите митолошки слики, а од уметноста во 17-иот век Јан Вермер ван Делфт познат по неговото дело „Ателје“ и неговите светлосни ефекти при сликањето.

7.Дали би организирала час по цртање за тимот? :)

ДА! Тоа би бил голем предизвик за мене - да им пренесам на колегите дел од моето познавање и техники на сликање за едноставно уживање и покренување на креативноста, па дури и за подлабока страст кон сликарството. :)
 

Single news photo
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ХИБРИДНА МРЕЖА
Разновидноста на предизвиците ме стимулира да напредувам - Стефан Ристовски
Сега сите можат да бидат хуманитарци – Мирјана Тепшиќ
Мора да се соочиме со предизвиците на глобалните промени - Драгица Устапетрова Атанасова
Квалитетот и знаењето на Калдера стануваат достапни на македонскиот пазар