Novosti

Запознајте го Влатко Бојковски, дипломиран инженер по информатика и Senior Software Engineer Team Lead во Инфинити Енерџи ИТСС. Во ИТ индустријата работи веќе 9 години, претежно на финансиски апликации и административен софтвер. Влатко го водеше нашиот проект за креирање на интегриран систем за администрирање со локални даноци и такси, којшто отвори нови можности за единиците на локалната самоуправа.
1. Влатко, колкав тим работеше на креирањето на интегрираниот систем за даноци и такси?
На проектот работевме 7 луѓе – јас како Solution Architect на софтверското решение, со тим од четворица програмери, еден аналитичар и еден тестер.
2. Што би издвоил ти како најголема предност од употребата на овој систем?
Интегрираниот систем за администрирање со локални даноци и такси овозможува самостојно администрање со локалните даноци на определена ошпштина. Единицата на локалната самоуправа добива единствен регистар на даночните обврзници, а со модулите за екстерна споредба и независна проценка на вредноста на недвижностите локалните самоуправи генерално ги зголемуваат своите буџетски приходи за најмалку 50%, односно во просек 70 и повеќе отсто во првата година од користењето на софтверот.
3. Дали ова решение нуди некакви поволности за граѓаните?
Се разбира, да. Модулот за електронска наплата на даноците овозможува брз, едноставен и лесен увид, како и начин на плаќање на обврските на граѓаните кон општината со која било кредитна или дебитна картичка.
4. Колкав е интересот кај нашите институции за имплементација на ова решение?
Постои заинтересираност кај инстутиициите за употреба на системот, што беше и очекувано, имајќи го во предвид фактот дека им овозможува олеснет процес на зголемување на приходите во буџетот.
5. Колку и да ја сакаш оваа работа, факт е дека е прилично напорна и одговорна. Што е тоа што ти помага целосно да се релаксираш и да собереш сила за следен голем проект?
Секогаш кога работиш со финансии, одговорноста е голема бидејќи на крајот од денот износите на обврските и побарувањата треба да се сложат и мора да се знае секој цент каде е и зошто е потрошен. Тоа им дава „живот“ на софтверите. За мене патувањата во странство се вистинска релаксација од работните обврски и инструмент за целосно полнење на батериите.
6. Кои се твоите топ 3 дестинации?
Мајами и полуостровите на Флорида - САД, Лисабон и неговата околина во Португалија и белите ноќи во Норвешка.
7. Дали на некое од овие места си се почувствувал „како дома“?
Каде и да патувам низ Европа имам чувство дека сум како дома. Но, сепак мислам дека за млади луѓе САД е нешто што треба да се доживее.