Infinity logotype

Novosti

Infinity News Page
Infinity News Page scroll
Single News Image
Квалитетот и знаењето на Калдера стануваат достапни на македонскиот пазар

Компанијата Калдера од Босна и Херцеговина, дел од Infinity International Group, којашто веќе 30 години успешно работи со производство и услуги во секторите електроенергетика и телекомуникации, вклучувајќи и зачувување на природните ресурси и превенција од загадување, е една од ретките што доби можност да се претстави на овогодинешниот Македонски Енергетски Форум во Скопје. 

„Чест ни е што ќе бидеме дел од форумот и подготвени сме да ја искористиме оваа привилегија“, велат од Калдера. „Светските партнери од Сименс до АББ и Шнајдер Електрик, 30-годишното искуство и бројката од 150 вработени се доволен показател за знаењето и високиот квалитет што можеме да ги понудиме во полето на енергетиката.“

„Сигурен сум дека она што ќе го покажеме на енергетскиот форум во Скопје заедно со колегите од Infinity Energy & ITSS ќе ни ја отвори вратата на македонскиот пазар, бидејќи имаме потенцијал да станеме препознатлив бренд во регионот“, вели директорот на Калдера, Саво Миниќ. 

По проширувањето на Групацијата Инфинити на македонскиот пазар, а сега и Црна Гора и Австрија, како гледате на потенцијалот на Калдера во енергетскиот сектор на овие пазари?

Фактот што бевме поканети да се претставиме на Македонскиот Енергетски Форум во Скопје со само три други компании покажува дека нашите референци беа препознаени. Очекуваме голем број важни состаноци и договори со постоечки и нови партнери на кои ќе им ги понудиме нашите производи со докажан квалитет, но и некои новитети на коишто работиме. 

Со нашиот концепт за развој на производството ги надминавме пазарите во БиХ и за тоа сведочи отворањето на нашата канцеларија во Србија, проектите на кои работиме и на кои работевме во Хрватска, а преку италијанските партнери наскоро очекуваме испорака до Индија и Португалија. Како овластен дистрибутер и партнер на Сименс, нашите технологии се усогласени со европските и светските стандарди и не се сомневам дека можеме да бидеме конкурентни и почитувани на секој пазар. 

Како Ви изгледа пазарот во регионот во овој момент, како планирате да го „совладате“?

Појавувањето во друго говорно подрачје, со други прописи што регулираат одредена област, со сосема различни услови, лиценци, е навистина голем предизвик и бара многу работа, но тоа е исто така огромна референца и нешто што ја претставува иднината на секоја сериозна компанија. Секако, полесно е да се настапи во регионот бидејќи тој пазар е поблизок до нас, а со нашиот квалитет и цена имаме шанса повеќе. 
Што се однесува до македонскиот пазар, сега се тука и нашите колеги од Инфинити Енерџи и ИТСС со нивните експерти од секторот за енергетика кои се значајно засилување на нашите „know-how” капацитети на ниво на групација.

Нашите производи, односно нивната инсталација, честопати се поврзани со градежни работи и инфраструктура, што е претставува дополнителна можност за остварување на нови партнерства со македонски компании. 

Што може да понуди Калдера, пред сѐ на македонскиот пазар?

Нашите постројки со среден напон се нешто што ни овозможува да им парираме на лидерите во таа област. Се подготвуваме за друг асортиман на производи што ќе вклучат сериозна работа од дизајн и подготовка до финален производ, како што е нашата блиндирана и секундарна трансформаторска станица, а до почетокот на декември ќе развиеме специјален уред кој се занимава со заштита од градоносни облаци. Се работи за генератор којшто е направен според европските стандарди, според кои е забрането испукување на ракети против град. Исто така, постојат и нашите фрлачи што ги развивме за спречување на град, како и системи за нивно напојување и поврзување со командата. Особено сме горди на радарот Погорјеличи на Јахорина, кој е изработен под будното око на Светската хидрометеоролошка организација и е референца со којашто можеме да се претставиме пред секого.

Дали влегувањето на нови пазари значи отворање на нови работни места?

Секако. Калдера ангажираше повеќе од 40 работници во минатата година иако беше време на пандемија и тоа е голем успех. Неодамна заврши конкурсот за прием на нови инженери, со кој сакаме да ги заокружиме капацитетите и да го затвориме производствениот циклус, од почеток до крај. Со нашата работна сила и нивниот квалитет, можеме да направиме сѐ што сака клиентот, бидејќи не се занимаваме ниту со сериско, ниту со сезонско производство, туку со нешто што ја претставува иднината.

Како ваквото производство и Калдера ја „пребродија“ оваа година од пандемијата?

Не беше лесно, но се прилагодивме. Бевме сведоци на тектонски нарушувања на пазарите на челик, бакар, алуминиум, а во исто време имаше договори што беа склучени порано и кои моравме да ги испочитуваме. Крајниот резултат беше дека успеавме да ги испорачаме сите договорени обврски без никакви поплаки и навистина сме горди на тоа. Исто така, до крајот на годината ќе завршиме нова хала во која треба да се одделат повеќето производствени сегменти. Од 1 октомври воведуваме нова програма за скенирање која ќе го следи целосниот тек на производство, со цел уште попрецизно да видиме кои се нашите предности и недостатоци. Накратко, ние создаваме концепт за самоодржливост на Калдера, која во соработка со нашите колеги од групацијата и странските партнери може да се појави на секој пазар.

Една од главните теми во последно време се обновливите извори на енергија, за тоа ќе се дискутира и на МЕФ Енергетскиот Форум во Скопје. Дали Калдера може да одговори и на овие предизвици?

Ако ви кажам дека истражувањето покажа дека до 2025 година светската потрошувачка на електрична енергија ќе биде зголемена за 50 проценти, ќе ви стане јасно колку е тоа важно. Постојано се појавуваат нови потрошувачи кои не само што бараат повеќе електрична енергија, туку бараат и поквалитетна електрична енергија. Затоа ние зачекоривме во таа област, од проектирање и изградба до одржување на такви системи. Наскоро ќе ја претставиме мини фабриката „Kaldera Energy“, кога станува збор за соларна енергија. Ова е област која бара постојани инвестиции и мониторинг на пазарот. Едноставно, мора да бидете во чекор со времето, што од нас бара да постојано да бидеме во „жестоко“ темпо.

Single news photo
WE ARE HIRING SOFTWARE ENGINEERS
Патувањата се вистинска релаксација од работните обврски - Влатко Бојковски
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ХИБРИДНА МРЕЖА
Разновидноста на предизвиците ме стимулира да напредувам - Стефан Ристовски
Поддршката од колегите ми значи најмногу – Билјана Кокиновска