Ни претставува чест да ја најавиме нашата поддршка на овогодинешниот МЕФ Енергетски Форум како групација. Настанот ќе се одржи во хотелот Лимак во Скопје на 13 и 14 септември, кадешто 150 професионалци ќе зборуваат за последните проблеми, предизвици и решенија во областа на енергетиката. Форумот со свое обраќање ќе го отворат Премиерот Зоран Заев, Амбасадорката на САД, нејзината екселенција Кејт Мари Брнз и Амбасадорот на ЕУ, неговата екселенција Дејвид Гир.
Покрај нашата улога на спонзори и посетители на настанот, нашите колеги ќе учествуваат во една од панел-дискусиите и ќе одржат кратка презентација за време на break-out сесијата во вторник на 14 септември.
- Со почеток во 11 часот, Драгица Устапетрова, проект менаџер во секторот за енергетика во Инфинити Енерџи и ИТСС ќе земе учество во панел-дискусијата број 5 на тема „Иден развој на обновливи извори на енергија во регионот“.
- Со почеток од 12:30, нашиот колега Мирослав Коџоман, директор на продажба во компанијата Калдера, ќе одржи кратка презентација за време на break-out сесиите за нивната улога во креирањето на паметни енергетски решенија.
Ќе ни биде задоволство да поминеме време со професионалците во полето на енергетика за време на настанот, да се запознаеме и да ги разгледаме начините на кои заеднички можеме оваа планета да ја направиме поубаво место за сите нас.
Одиме далеку, заедно!
*Драгица Устапетрова Атанасова има дипломирано на Електротехничкиот факултет во Скопје и магистрирано во делот на електротехника на истиот факултет во областа на автоматизација на електрани. Целиот нејзин професионален развој е посветен на енергетиката. Има повеќе од 20 години искуство во енергетскиот и градежниот сектор во државата.
Во текот на нејзиниот професионален раст се стекнува со голем број експертизи во областа во која делува и работи во повеќе приватни и државни компании во Македонија. Ги поседува сите овластувања кои еден професионален инженер треба да ги има.
Таа е проект менаџер во тимот за енергетика во Infinity Energy and ITSS, член е на професионални национални и меѓународни здруженија и асоцијации: КОАИ, ИЕЕЕ, ЗЕМАК и МАКО СИГРЕ и автор/коавтор на научни трудови.
Повеќе информации за форумот: www.mef.mk