Infinity logotype

Novosti

Infinity News Page
Infinity News Page scroll
Single News Image
Приклучувањето кон тимот на Инфинити ми беше предизвик кој ме освежи – Владимир Симиќ

Запознајте го Владимир Симиќ, систем инженер во Инфинити Енерџи ИТСС со повеќе од 13 години искуство во струката, од кои најголем дел во банкарскиот сектор. Силата за бескрајно трпение коешто го бара неговата работа ја црпи од екстремните спортови и времето поминато во природа.

1. Кое ти е омилено годишно време и зошто?

Најубаво се чувствувам во есен и во зима бидејќи не поднесувам високи температури. Но, покрај уживањето во постуденото време, зимата ја сакам посебно заради можноста да уживам и во еден од моите омилени адреналински спортови – скијањето. Исто така уживам во возење велосипед на планина, особено downhill, но периодов со две мали дечиња дома овие активности се сведени на минимум. Сепак, можноста за поминување време во природа ја користиме сите максимално. :) 

2. Како би реагирал доколку твоите деца се насочат кон екстремни спортови? Дали би поставил некакви граници?

Не би им поставувал граници бидејќи и самиот сакам да ги поместувам. Родителската грижа би ја изразил повеќе во облик на совети кои би им помогнале да останат безбедни во потрагата по авантури. 

3. Дали има адреналински спорт кој многу те привлекувал, а не си имал можност да го пробаш до сега?

Да, на високо место на мојата „bucket” листа се сериозниот bungee jumping и параглајдингот. 

4. Дали потребата од адреналин влијаеше на твојот избор на кариера во сектор којшто е полн со сериозни предизвици на дневна основа?

Мислам дека во оваа сфера предизвиците не беа одлучувачки фактор, бидејќи од дете имам силна наклонетост кон информатиката и техничките науки генерално. Мојата работа дефинитивно е полна со предизвици, но за нивно надминување повеќе е потребно трпение, истрајност и аналитички способности. Можеби оттаму и потребата за „ресетирање“ со активности базирани на брзина и адреналин. :) 

5. Кој е последниот новитет којшто драстично ти ја олеснил работата?

Искрено, не би можел да издвојам еден конкретен новитет бидејќи сите нови технологии се од голема помош од различни аспекти. Генерално, можностите за мигрирање на постоечките инфраструктури на cloud решенија се нешто што носи големи предности и за клиентите и за нас коишто се грижиме за безбедноста и функционалноста на нивните системи.   

6. Како и зошто стана дел од тимот на Инфинити?

Целата приказна за Инфинити се случи токму во момент кога почувствував дека ми е потребна промена, а самата идеја да учествувам во градењето на нова компанија на нашиот пазар (и покрај поддршката што ја имаме од нашата групација) ми беше доволно голем предизвик кој навистина ме освежи. :) 

7. Од досегашната соработка со тимот, кои три аспекти би ги посочил како најголеми предности на Инфинити Енерџи ИТСС?  

Од она што досега го видов и почувствував, колегијалноста, пријатната работна атмосфера и отворените можности за напредок се аспектите коишто ми оставија најголем впечаток.

Single news photo
WE ARE HIRING SOFTWARE ENGINEERS
Патувањата се вистинска релаксација од работните обврски - Влатко Бојковски
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ХИБРИДНА МРЕЖА
Разновидноста на предизвиците ме стимулира да напредувам - Стефан Ристовски
Поддршката од колегите ми значи најмногу – Билјана Кокиновска