Infinity logotype

Novosti

Infinity News Page
Infinity News Page scroll
Single News Image
„Наша обврска е да бидеме советници од доверба за нашите клиенти“ – Бојан Славковиќ

Бојан Славковиќ, експерт за продажба специјализиран за ИKT напредни решенија, кој зад себе има 12 години искуство, неодамна стана дел од тимот на Инфинити Енерџи ИТСС на позицијата Менаџер за продажба. Но, освен искуството во продажба, неговата цел е да ја сподели со тимот и неговата пасија кон спортот, поконкретно за велосипедизмот.

1. Што најмногу те привлече да станеш дел од тимот на Инфинити?

Како една од главните предности во Инфинити го сметам балансот помеѓу голема ИТ групација која располага со сериозни решенија и ресурси, но истовремено гo поседува духот на флексибилна компанија кадешто секој од нас може да ја искаже својата креативност и пред сѐ да се чувствува како важна алка во процесот на остварување на целите на компанијата. Ваквата атмосфера дава мотив за тимска работа, континуирана размена на знаење и фокус кон личен и професионален развој.

2. Кој е најголемиот предизвик во твојата работа?

Среќен и продуктивен корисник! Секако мој најголем предизвик е да креирам оптимизирани ИТ решенија кои ќе им помогнат на нашите клиенти да бидат што попродуктивни, a притоа корисникот да биде среќен при извршување на своите секојдневни деловни активности користејќи ги решенијата на Инфинити.

За мене, дефиниција за предизвик е секој успешно завршен проект, систем кој функционира беспрекорно и испиено кафе со корисникот без притоа да се разговара за проблеми, туку за надградба на системите со нови функционалности кои ќе помогнат во остварување на уште поголеми деловни успеси.

3. Колку на тебе лично новите технолошки комуникациски решенија ти помагаат во поефикасно извршување на работните обврски? 

Во ова ново нормално COVID време кога здравјето на секој од нас му е приоритет, новите технологии за далечинска комуникација во изминатиот период многу ми помогнаа да одржам комуникација со моите клиенти и притоа да надминеме многу предизвици. Лично сметам дека хибридниот начин на комуникација (користеќи технологии за далечинска комуникација и лична комуникација) е нешто што ќе биде преферирано во блиска и далечна иднина.

4. Дали сметаш дека компаниите во Македонија се солидно информирани за последните напредни решенија во ИТ индустријата и за сите можности коишто им се на дофат?

Поголем дел од компаниите се одлично информирани за новите „state of the art“ ИКТ решенија и се во чекор со новите технологии. Но, секако ние како „гласноговорници“ на новите напредни технологии треба постојано да ги „храниме“ со информации нашите клиенти за новите продукти и можностите кои им се нудат на пазарот. Сметам дека Инфинити како партнер на најголемите светски ИТ производители има обврска да биде советник од доверба на клиентите, притоа да им овозможи на компаниите решенија базирани на најнови технологии според нивните потреби.

5. Ако имаш само 2 часа за да се опуштиш од напорните обврски, што би избрал - музика, филм, книга, или нешто друго? 

Опуштање со добар филм или Sci-Fi серија во домашна атмосфера, во зависност од добата на денот, но не ја исфрлам и можноста за краток тренинг на Водно со мојот велосипед 😊.

6. Доколку би имал еден целосно слободен ден без работни и приватни обврски како би го искористил?

Ваквиот ден би го поделил во три дела и тоа:
Утро (sport) – возење велосипедска тура со клубот од минимум 100 километри.
Попладне (family time) – прошетка со сопругата и миленикот во Градскиот парк или на Водно.
Вечер (entertainment) – пијалок со пријателите или филмска вечер.

7. Што е она што најмногу ти помага да го разбистриш умот по сериозните работни обврски?

Мој “издувен вентил” e road biking, нешто што им е добро познато на луѓето кои ме познаваат. :) Благодарение на велосипедот успевам да го одржам балансот помеѓу физичката и ментална активност. Велосипедизмот е мое најголемо хоби, но и повеќе од тоа, бидејќи со клубот Тенкоминци активно учествуваме на трки. Следен предизвик за мене (на ова поле) е да им ја пренесам љубовта кон спортот и велосипедизмот на моите колеги во Инфинити. :)
 

Single news photo
WE ARE HIRING SOFTWARE ENGINEERS
Патувањата се вистинска релаксација од работните обврски - Влатко Бојковски
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ХИБРИДНА МРЕЖА
Разновидноста на предизвиците ме стимулира да напредувам - Стефан Ристовски
Поддршката од колегите ми значи најмногу – Билјана Кокиновска